Повлекување на воениот персонал од нуклеарката Запорожје, побара Гутереш

by Фокус

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш изјави дека многу е загрижен поради ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во јужниот дел на Украина. Тој ги повика вклучените страни да ги повлечат воениот персонал и опремата од централата и да се воздржат од какво било понатамошно распоредување на силите.

-Мораме да бидеме јасни дека секоја потенцијална штета на Запорожје или на кој било друг нуклеарен објект во Украина, или каде било, може да доведе до катастрофални последици не само во непосредна близина, туку и во регионот, па и пошироко – истакна Гутереш.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, ја предупреди меѓународната заедница на опасност од нова нуклеарна катастрофа, слична на таа во Чернобил од 1986 година.

-Русија е терористичка држава, што ја држи во заложништво нуклеарната централа Запорожје и ја користи за уцена – истакна тој преку видеообраќање на отворање на донаторска конференција за Украина во Копенхаген.

Поврзани новости