Повлекување на руската војска од Херсон?

by Fokus

Руските сили се подготвуваат да го напуштат окупираниот јужен украински град Херсон, смета висок западен експерт за одбрана, пренесе ДПА.

Русите одлучија дека „градот не вреди за битка”, рекол изворот.

Тој предупреди дека руското воено раководство може да ја смени одлуката, дури и ако сите сегашни индикации укажуваат на повлекување.

Експертот изрази мала загриженост за можна употреба од страна на Русија на нуклеарно оружје.

– Не се забележуваат показатели за ваква ескалација, а Москва неодамна ја деескалираше својата реторика, нагласи тој

Поврзани новости