Повлечени проекти за афирмација на албанската култура кои требаше да бидат финансирани преку годишната програма

by fokus

Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура со вкупна вредност од осум милиони и 519.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на затворот Шутка.

Станува збор за проектите: Фестивал на албанската песна „Евент“ на Културно – уметничкото здружение „Евент  2012“  од Тетово, „Поетски бриз“ на Здружението „Иновацион“, детски фолклорен фестивал на Здружението „Бле АНД“ од Тетово, „Запознавајќи ги нашите вредности“ на Сојузот на албански артисти АРТ – Тетово, „Афирмација на албанската култура преку промоција на гостиварската кујна во Франција“ на Здружението ДРИТА АГВ – Гостивар, „Афирмација и одржливост на албанската култура преку промоција на традиционалните обичаи на албанскиот сунет во Македонија“ Здружение Дрита АГВ – Гостивар, „Учество на 19. Меѓународен фестивал“ на  Ансамблот „Звуците на Каршиака“, како и два проекти за реализација на концерти на Културно -уметничкото здружение „Алегретто“.

– Во овој момент  комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да одговориме на приговорите ќе зависи од достапните средства што ќе ги имаме на располагање, појасни  Алаѓозовски на новинарско прашање за проектите од Годишната програма за кои имаше реакции во јавноста и за кои беше побарана ревизија.

Поврзани новости