128
Повлечен е предлогот за поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Северна Македонија заврши. Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.
Денешната расправа во Собранието беше 25 продолжение на 13 седница на Комисијата за избор и за именувања на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, а кој се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.
Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.