511
Шеесет и двегодишник со иницијали М.З. од струшкото село Ливада вчера бил повикан на службен разговор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга.
Тој е осомничен дека во текот на вчерашниот ден со својата пушка усмртил седум кучиња скитници.
СВР Охрид истакна дека одземена му е пушката и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.