Повик да се сликаат оние што гласаат, жигосување по референдумот

by fokus

На фејсбук профилот „Бојкотирај референдум за Северна Македонија“ е објавен повик да се сликаат оние што ќе излезат да гласаат на референдумот. Администраторот на профилот најавува дека по гласањето ќе се жигосуваат граѓаните, така што фотографиите ќе бидат јавно објавени.

„Сликајте и снимајте ги изродите на македонскиот народ што ќе излезат да гласаат. Сликите и видеата „почесно“ ќе ги објавиме по референдумот“, стои во повикот.

Набљудувачи на невладини организации веќе регистрираа снимачи на неколку локации низ Македонија. Како што соопштија од „Цивил“ нивни активисти забележале три лица од балкон на зграда спроти основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга како ги фотографирале сите гласачи што одат на гласање на избирачките места во тоа училиште.

МВР го потврди случајот а уште еден таков настан е пријавен во полиција. Од МВР денеска соопштија на гласачкото место во ОУ „Ванче Прќе“ во Штип. Б.О. пријавил дека при достава на храна на избирачкиот одбор бил фотографиран и навредуван од Е.С. Како што рекоа од МВР, Е.С е во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости