Повеќе реки во државата денеска со зголемено ниво на водата

by irena 11:14
11:14

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска повеќе реки во Македонија имаат зголемено ниво на водата.

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти УХМР.

Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на нивото на водата.

Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец јануари.

Слични вести