Повеќе од шест месеци се избираше сила наместо дипломатија, вели Османи

by Fokus

Светот повторно е соочен со најголем предизвик. И ОБСЕ е во очи на бурата на тековната агресија на една држава учесничка над друга. Агресијата на Руската Федерација против Украина е неоправдана и погрешна. Тоа е флагрантно кршење на Повелбата на ОН, основните премиси на меѓународното право, а пред сè вредностите на хуманоста. Оваа војна ги нагризува и темелите на ОБСЕ, чија визија како центар на меѓуконтинентална безбедносна соработка, е сериозно тестирана.

Како претседавач со организацијата во 2023 година конфликтот во Украина и намалување на далекусежните последиците од кризата ќе биде наш висок приоритет.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, во своето излагање пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, претставувајќи ги приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со организацијата во 2023 година.

Тој посочи дека ОБСЕ и нејзините земји-учеснички со години инвестираат во градење доверба, институции и механизми; инсистирање на дијалог, на моменти досадни, а сепак многу потребна алатка за надминување на споровите, токму довербата и соработката беа меѓу првите жртви на оваа агресија.

– Веќе повеќе од шест месеци се избираше сила наместо дипломатија. Духовите на историјата ја зазедоа мултилатералната сцена, доминирајќи на глобалните агенди, истовремено оптоварувајќи ја работата на меѓународните организации. И нашите, во ОБСЕ. Во оваа сложена позадина, Северна Македонија треба да го преземе претседавањето во 2023 година, рече Османи.

Поврзани новости