Повеќе од половина милион заразени од корона вирус во Индија

by Fokus

Бројот на потврдени случаи на корона вирус во Индија надмина 600.000 откако здравствените власти соопштија за нови 19.114 заразени во изминатите 24 часа.

До денеска, во Индија се регистрирани 604.641 заразени лица, од кои околу 100.000 се пријавени во изминатите четири дена.

Министерството за здравство на таа земја соопшти дека вкупно починале 17.834 лица.

Во трите најтешко погодени земји, вклучително и оние каде се наоѓаат Мумбај и Њу Делхи, пријавени се повеќе од 60 проценти од заразените.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени, плажите во државата Гоа од денеска се отворени за туристи, а властите дозволија 250 хотели повторно да ги отворат своите врати, по повеќе од три месеци.

Поврзани новости