Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНРВА) денеска објави дека присилното раселување принудило повеќе од милион луѓе да го напуштат Рафах во Појасот Газа.
Како што соопшти УНРВА, Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, бил засолниште за околу еден милион Палестинци кои побегнале поради израелските бомбардирања.
Од почетокот на мај, израелската војска спроведува, како што вели, „ограничена операција“ во Рафах за искоренување на милитантната група Хамас.
Израелската армија апелираше до цивилите да одат во „проширени хуманитарни зони“, од кои некои се оддалечени околу 20 километри.
Многу Палестинци чувствуваат дека не можат да ги избегнат израелските напади каде и да одат.
УНРВА соопшти дека илјадници семејства моментално се во оштетени и уништени објекти во Кан Јунис, каде што агенцијата обезбедува основни услуги и покрај секојдневните предизвици.
„Условите се неописливи“, велат од агенцијата.