Повеќе од 6.000 афтершокови по земјотресите од 7,8 степени, згради се рушат како кула од карти

by Fokus

Спасувачите повторно пребаруваат урнатини во Турција по вчерашните два силни земјотреса, во кои загинаа најмалку три лица.

Земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала го погодија југоистокот на земјата близу границата со Сирија, точно две недели по катастрофалниот земјотрес, кој однесе десетици илјади животи во двете земји.

Вчера се урнаа згради кои беа ослабнати во претходните земјотреси, а смртни случаи се регистрирани во Антакија, Дефне и Самандаг, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека 213 луѓе се повредени.

Повеќе од 6.000 афтершокови биле регистрирани по земјотресите од 7,8 и 7,5 степени на 6 февруари, но сведоците кажаа дека синоќешното тресење било далеку посилно од оние во изминатите денови. Земјотресот, кој бил на длабочина од два километра, се почувствувал и во Сирија, Египет и Либан.

 

 

 

 

Поврзани новости