Министерството за здравство во Газа соопшти дека Израел извршил пет масакри во различни региони во последните 48 часа, при што загинале 96, а раниле 277 лица.
Уште 96 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите два дена, со што вкупниот број на загинати од октомври минатата година достигна 43.020, соопшти денеска Министерството за здравство на палестинската енклава.
Се наведува дека во израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 388 дена се повредени најмалку 101.110 лица.
Во соопштението се наведува дека израелската армија извршила пет масакри во различни региони во последните 48 часа, при што биле убиени 96 и ранети 277 лица.
Се додава дека многумина се уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, по нападот на палестинската група на отпорот Хамас.
Израел беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.