221
Над 35.000 куќи и згради се загрозени од неконтролиран шумски пожар што избувна во близина на Лос Анџелес, поради повеќедневниот топлотен бран.
Локалната противпожарна служба соопшти дека тројца пожарникари се повредени, а властите издале наредба за евакуација на неколку околни области. Очекуваното невреме со грмотевици може уште повеќе да ја отежне ситуацијата. „Топли и суви услови помешани со грмотевици ќе бидат предизвик за пожарникарите во следните неколку дена“, се вели во соопштението. Пожарот избувна по падините на националната шума Сан Бернардино, на околу 105 километри источно од Лос Анџелес.
Од неделата наутро изгореле околу 70 квадратни километри, а густ облак чад се надвиснал над областа.