Повеќе од 33.000 луѓе загинале во Турција и Сирија

by Fokus

Повеќе од 33.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија.

Според АП, во земјотресите што досега ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија загинале 33.179 луѓе, а се очекува тој број да се зголеми бидејќи спасувачките тимови ќе најдат уште тела во урнатините.

Досега во Турција загинале 29.605 лица, соопшти денеска турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Според агенцијата, досега 147.934 лица се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот во други турски провинции, пренесува ТАСС.

Според последните објавени податоци за Сирија, во земјотресите во таа земја загинале 3.574 лица.

Поврзани новости