Бројот на заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 230 милиони.
Според податоците од веб – страницата на Ворлдметер (Worldometer), заклучно со 24 септември, бројот на случаи со вирусот Ковид-19 достигна 230.985.679.
Соединетите Американски Држави имаат најголем број случаи на инфекција со коронавирус – 43.404.877.
Следуваат Индија (33 милиони 563 илјади 421), Бразил (21 милион 283 илјади 567), Велика Британија (7 милиони 530 илјади 103) Русија (7 милиони 354 илјади 995), Франција (6 милиони 971 илјади 493), Турција (6 милиони 932 илјади 453), Иран (5 милиони 493 илјади 591) и Аргентина (5 милиони 245 илјади 265).
Од компликации од вирусот починале 4.734.917 луѓе ширум светот.
Во моментов, 18,557,157 луѓе се лекуваат од Ковид-19.