Повеќе од 200 земјотреси на Санторини – властите издадоа препораки, училиштата превентивно затворени

by Fokus

Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа.

Серијата земјотреси се со магнитуда од околу четири степени според Рихтеровата скала. Најсилниот е со јачина од 4,7 степени според Рихтер.

Зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите, што го натера грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера да одржи состанок со претставници на надлежните служби.

Властите ги повикаа жителите да ги затворат училиштата на островот, но и на околните острови Анафи, Иос и Аморгос, да избегнуваат напуштени згради, да не се собираат масовно во затворени простори и не да патуваат по патишта каде што е веројатно дека би се случиле одрони. Се препорачува и бродовите да ги избегнуваат пристаништата „Амуди“ и „Фира“.

Спасувачки тимови и лекари со амбулантни возила и опрема се испратени на островите Санторини, Иос и Аморгос, а на Санторини ќе биде формиран оперативен центар за справување со евентуална вонредна ситуација.

Многу жители на Санторини се обидуваат да го напуштат островот.

Поврзани новости