Повеќе од 200 руски лекари напишаа отворено писмо до претседателот Владимир Путин, повикувајќи го да ја ослободи активистката Александра Скочиленко, која има неколку сериозни хронични заболувања кои бараат третман и посебен режим на исхрана, се вели во писмото потпишано од 247 лекари до утрово.
Притворот во затворски логор може дополнително да ја влоши нејзината здравствена состојба, се наведува во писмото.
Активистката е осудена на затвор бидејќи ја отфрлила руската војна против Украина, а во писмото предупредуваат дека не го прекршила законот со својот мирољубив однос.
Минатата година Скочиленко ги замени цените на пет артикли во продавницата со антивоени слогани, поради што судот во Петербург ја осуди на седум години затвор. Таа беше обвинета за ширење лажни информации за руската армија и е во притвор од април минатата година.