Викендов повеќе лица во Скопје и Куманово биле лишени од слобода, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја.
„На 04.11.2019 во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Тодор Александров“ го привеле Ф.Д.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
МВР денеска соопшти дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.11.2019 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(37) и Н.С.(20) од Куманово и С.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 03.11.2019 во 16.15 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода С.Н.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.11.2019 во 00.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.П.(20) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.