„Повеќе деца, помалку даноци – Русија мора да оди напред“, вели Владимир Путин

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин порача денеска дека Русија треба забрзано да се движи само напред.

Тој на почетокот од своето годишно обраќање во Федералното собрание, истакна дека луѓето мора да почувствуваат промени и ситуацијата да се менува кон подобро.

Констатирајќи дека Русија се наоѓа во многу комплициран демографски период, Путин изјави дека главна задача е да се зачува рускиот народ и да се поддржат младите кои формираат семејство, бидејќи наталитетот е во опаѓање.

– Повеќе деца – помалку даноци, нагласи рускиот претседател по повод новите мерки за зголемување на наталитетот во земјата.

Тој потсети на новите мерки кои се воведени за семејствата, а тоа се парична помош за прво и второ дете, без разлика во кој регион на Руската Федерација се родило детето.

– Решавањето на демографските проблеми е директно поврзано со намалување на сиромаштијата, укажа Путин, прецизирајќи дека во 2000 година имало околу 40 милиони сиромашни луѓе, а денес таа бројка е намалена повеќе од двојно, на околу 19 милиони лица.

Поврзани новости