Повеќе десетици луѓе загинаа во земјотрес во Индонезија

by fokus

Десетици луѓе загинаа во земјотресот што денеска ја погоди индонезиската провинција Западна Јава, изјави локалниот претставник Херман Сухерман.

Тој додаде дека 20 луѓе починале во болница.

Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур, Западна Јава, на длабочина од 10 километри.

Поврзани новости