Поведена постапка за демнење на градоначалникот на Неготино

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28 -годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Демнење согласно член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка.

- Advertisements -

Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник.

Наспроти ваквите мерки определени од Судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице.

Поврзани новости