Потврдено дека македонски државјанин е жртвата на синоќешната престрелка во Приштина

by Fokus

Косовската полиција соопшти дека во средата вечерта во Приштина е убиен државјанин на Северна Македонија, пренесува приштинска „Коха“.

Во соопштението, полицијата наведува дека засега не успеала да ги идентификува напаѓачите.

„Во 20 часот е пријавено е дека осомничените, се уште непознати лица, пукале во жртвата, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежни полициски единици излегле на местото на настанот, а од страна на надлежниот лекар било констатирано дека лицето во автомобилот не давало знаци на живот.

На околу километар од местото на инцидентот бил пронајден опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој пријавените побегнале од местото на настанот“, се наведува во полицискиот извештај.

По наредба на државен обвинител телото на жртвата е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Дел од тамошните медиуми веќе објавија дека застреланиот е Блерим Дачи од скопската населба Чаир, кој и е познат на полицијата по трговијата со дрога, како и дека бил обвинет за нелегално држење на оружје.

Поврзани новости