Потврдени првите пет случаи на омикрон во Црна Гора

by Fokus

Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на корона вирусот во земјата.

Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена состојба и имаат само благи симптоми.

-Епидемиолошките служби следат и вршат идентификација на високоризични контакти на заразени лица, велат црногорските епидемиолози.

Поврзани новости