Потврдени се повеќе од 81.000 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот, а Светската здравствена организација (СЗО) објави дека за првпат од избувнувањето на епидемијата, бројот на заразени лица надвор од Кина во еден ден го надмина бројот на заразени во Кина.
Според дневниот извештај на СЗО, Кина објавила 412 нови случаи, со 459 пријавени надвор од Кина.
Најголем број заразени лица во Кина се во провинцијата Хубеи, каде до синоќа беа пријавени 401 нови случаи. Пријавени се шест случаи надвор од континентална Кина, од кои четири се во Хонг Конг.
Повеќе од половина од новите случаи надвор од Кина се пријавени во Јужна Кореја – 284 случаи.
Италија, со околу 447 заразени лица, побара меѓународна поддршка за напори за спречување на епидемијата на вирусот корона во државата.
Откриени се седум нови случаи на вирусна корона во Бахреин, што го зголеми бројот на заразени во земјата на 33, соопшти Министерството за здравство. Летовите до и од меѓународниот аеродром во Дубаи се прекинати за следните 48 часа, соопшти националната агенција за авијација Цивилно воздухопловство.
Емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, нареди евакуација на државјаните од Катар и Кувајт од Иран, поради ширењето на коронавирусот.
Иранскиот претседател Хасан Рухани изјави дека Иран нема планови за карантин „градовите и окрузите“ како одговор на епидемијата во земјата, во која досега живот загубија 19 лица додека 139 се заразени.
Ирак ги забрани сите јавни собири и влез во земјата за патници од Кувајт и Бахреин поради страв од ширење на вирусот со што се зголеми бројот на земји од кои е забрането влегувањето во Ирак на девет, изјави министерот за здравство на земјата.
Во Норвешка е потврден и првиот случај на Ковид-19, соопшти Норвешката агенција за јавно здравје, додавајќи дека заразеното лице е во изолација дома.
Грузија соопшти објави за првиот случај на заразен како и Пакистан, кој ги потврди првите два случаи.
Во Франција, бројот на заразени лица се искачи на 18, изјави францускиот министер за здравство. „Нема епидемија во земјата, само изолирани случаи“, рече Оливие Веран за време на прес-конференција, додавајќи дека ќе бидат обезбедени 15 милиони заштитни маски.
Висок здравствен службеник додаде дека од 18 случаи, двајца починале, 12 биле излекувани, а четири се уште се во болница.
Пријавени се уште пет случаи на заразени на западниот и јужниот дел на Германија, со што бројот на заразени е околу 20, што значи дека болеста се пренесува во нова фаза, изјави министерот за здравство Јенс Шпан. Тој предупреди дека Германија е на почетокот на епидемијата на коронавирус.
САД ги советуваа своите граѓани да внимаваат кога патуваат во Иран, Италија и Монголија, предупредувајќи ги за ризикот од коронавирусот или нарушувања поврзани со напорите за контрола на ширењето на болеста.
Во Естонија е потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус.
Во Романија исто така, е потврден првиот случај на заболен од Ковид-19.
Во меѓувреме, американската компанија за биотехнологија Модерна произведе експериментална вакцина за вирусот и ја испрати до американските владини научници за тестирање, јави Си-Ен-Ен.
Руски научници развија пет прототипови на вакцината против новиот коронавирус што се уште се во почетни фази на истражување, рече рускиот вицепремиер Татјана Голикова.
Таа рече дека Москва ќе ги прекине летовите меѓу Русија и Јужна Кореја од 1 март освен за летовите на авиокомпаниите „Аерофлот“ и „Аурора“. Голикова исто така рече дека Русија ќе престане да издава визи за иранските граѓани од 28 февруари и ги советувале Русите да не патуваат во Италија. МИА