Потврдени први случаи на омикрон во Србија и Албанија

by fokus

Новата варијанта на коронавирусот – омикрон е потврдена денеска во Србија, изјави за Нова.рс професорката на Медицинскиот факултет и член на Кризниот штаб, Тања Јовановиќ.

– Новиот вид на коронавирус е потврден кај жена која дошла од Боцвана. Таа била негативна при влезот во Србија. Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен, објасни Јовановиќ, додавајќи дека засега нема причина за паника и дека се следи и контролира ситуацијата.

Србија е 64-та земја во која е регистриран новиот сој.

Први два случаи на омикрон сојот денеска се потврдени и во Албанија. Според албанските власти, делта сојот се уште е доминантен во Албанија.

Според прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.

 

 

Поврзани новости