Потврден првиот случај на омикрон во Хрватска

by Fokus

Во Хрватска е потврден првиот случај на омикрон сојот на коронавирус, пишува 24.сата.хр.

Според извештаите, примерокот бил земен во приватна клиника во Загреб. Наводно бил тестиран странски работник од Јужна Африка, кој бил на стручен состанок во Загреб.

Информацијата ја потврдија од Институтот Руѓер Бошковиќ.

Лицето кое го направило тестот изразило сомнеж за можност за зараза со нова варијанта на коронаравирусот омикрон, поради контакт со лице од Јужноафриканската Република. Примерокот е испратен на понатамошна обработка. ПЦР анализата покажа одредени отстапувања во однос на другите варијанти на корона вирусот – пишува во соопштението.

Целна анализа со секвенционирање на клучните региони на геномот SARS-CoV-2 покажа присуство на мутации карактеристични за новата варијанта SARS-CoV-2 омикрон. За резултатите се информирани Хрватскиот завод за јавно здравје и Министерството за здравство, па се чека нивната официјална потврда. Исто така, имајте предвид дека потребни се 72 часа за да се добие конечниот резултат на секвенционирање. Хрватскиот завод за јавно здравје навремено ќе ја информира јавноста за конечните резултати – се додава.

Поврзани новости