Судот во Москва ја потврди одлуката за задржување во притвор до 30 јануари на американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен во Русија на почетокот на оваа година под обвинение за шпионажа.
32-годишниот дописник на Волстрит Журнал од Москва, неговиот работодавец и американската влада ги отфрлија обвинувањата за шпионирање.
„Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 јануари 2024 година“, се вели во соопштението на московскиот градски суд на социјалните мрежи, отфрлајќи ја жалбата поднесена кон крајот на минатиот месец.
На видеото објавено од судот се гледа дека Гершкович, кој претходно работел за АФП, стои во кафез за обвинетите за време на сослушувањето, насмеан и облечен во џемпер во темна боја.
Гершкович беше уапсен за време на патувањето за известување на крајот на март во градот Екатеринбург на Урал, со што стана првиот западен известувач кој е приведен под обвинение за шпионирање во Русија од советската ера.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 20 години.