Потрошувачката кошница за септември се зголемила за 51 денар

by Fokus

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во септември се зголемени за околу 50 денари во однос на август.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната потрошувачка кошница, во септември минималните трошоци изнесувале 34.393 денари што во споредба со август претставува зголемување за 51 денар.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци за што минимално се потребни 14.662 денари, додека за плаќање на режиските трошоци потребни се 10.839 денари. За хигиена минимум би се потрошиле 2.385, а за превоз 2.539 денари.

Поврзани новости