На едно четиричлено домаќинство со двајца вработени кои земаат минимална плата од 18.000 денари, ќе им недостасуваат уште 2.000 денари за да се прехранат. Синдикатот претсмета дека минималната потрошувачка кошничка во април достигна 38.104 денари. Пораснала за над 1.300 денари во однос на претходниот месец. А за над 12 проценти во однос на април лани. Најмногу пари се трошеле за храна.
Од ССМ размислуваат со каков предлог ќе настапат на наредните преговори со владата. Велат тие 2.806 денари колу што побараа да пораснат сите плати веќе паѓа во вода, бидејќи инфлацијата од 10.5 проценти која ја објави вчера државнатаа статистика веќе изеде дел од покачувањето. Велат одлука ќе ја носат органите и телата.
И државниот завод за статистика вчера го потврди галопирачкиот раст на цените во земјава. Регистрираше двоцифрена стапка на инфлација. Пресмета дека трошоците на живот во април пораснале за 10,5% во однос на април лани, а цените на мало за 11 проценти.
Само за еден месец најголем раст има кај маслото и маснотите и тоа за над 20 проценти и кај свежиот зеленчук за 12,9 . Споредено пак април со април лани- храната поскапела за 15, лебот и житариците за над 17 месото за над 10, маслото и мастите за речиси 32 а транспортот за речиси 22 проценти. Експерите пак беа децидни дека итно треба да се донесе антиинфлаторна програма – по примерот од деведесетите години кога последно земјава се бореше со висока инфлација.