Повеќе од 20 луѓе беа убиени, а меѓу 50 и 60 беа ранети кога напаѓачот Роберт Кард почна да пука во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Престрелката се случила во куглана и во ресторан. Тие веднаш до медиумите ги пренесоа сведоштвата на луѓето кои биле блиску до местото каде се случила крвавиот пир.
Никол Виман Арел изјави за Си-Ен-Ен дека видела „повеќе од десетина“ луѓе како ја напуштаат кугланата. Таа го опиша и големото присуство на полиција и служби за итни случаи.
Како што рече, видела лице кое било измачкано со крв, но не можела да разбере дали тоа лице е повредено, а видела и цели семејства во кугланата.
„Да, имаше деца, тоа беше веројатно најтешкиот дел. Семејствата ја напуштаа кугланата“, вели Арел, која била сведок на пукањето со нејзината ќерка.
„Таа дефинитивно беше исплашена. Таа почна да плаче и рече: „Ова е страшен свет во кој живееме, мамо“, рекла Арел.
Били Џејн Кук, шокирана жителка на Левистон, за Би-Би-Си изјавила дека се враќала од ноќно излегување кога слушнала за нападот и за убиецот кој е во бегство.
„Сирените ечеа. Хеликоптери, полиција, никогаш во животот не сум слушнала толкава активност во овој град. Дојде и полиција од друга држава“, рекла вознемирено Кук.
Кук додала дека се јавила на еден од нејзините синови додека возела дома.
Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 луѓе се ранети во престрелка во градот Луистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи вчера вечерта на две локации.