Потребни се 21.000 евра за малата Елеонора повторно да има нормален живот

by Fokus

По неколку третмани во Франција и еден со матични клетки во Турција, состојбата на петгодишната Елеонора Тодоровска е подобрена. Ова е и причината поради која се бара втор третман за справување со леукодистрофијата, а тој можеме да го овозможиме само со ваша помош. Докторите од „Лив хоспитал“-Турција сметаат дека шансите за Елеонора да има подобро утре се големи.

„Затоа ја бараме вашата помош, крајната цел се собирање на 21.000 евра за петгодишната Елеонора ги надмине секојдневните болки, да ја врати насмевката, а болничките ходници да бидат минато. Борбата е секојдневна и тешка, бидејќи Елеонора не говори, не може да оди, не може самостојно да се храни“, се вели во апелот.

Инаку, заболувањето на Елеонора е ретка генетска болест, што се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници. Со третманите, не само што се стопира прогресијата на болеста, туку и има одредени подобрувања, особено во делот на болките кои секојдневно ги имаше петгодишната Елеонора.

Контакт од мајката: ‭071257007‬

Поврзани новости