Од почетокот на израелските воздушни напади убиени се 2.800 луѓе, а 11.000 се повредени во Газа, изјави претставникот на СЗО за окупираните палестински територии, д-р Ричард Пиперкорн.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ѝ е потребен итен пристап до Газа за испорака на помош и медицински материјали, истовремено предупредувајќи на долготрајна хуманитарна криза во палестинската енклава.
Регионалниот директор за вонредни ситуации на Регионалната канцеларија на СЗО за Источен Медитеран, д-р Ричард Бренан, рече дека агенцијата ќе се состане со „носителите на одлуки“ денеска за да се отвори пристапот до Газа што е можно поскоро.
„Имаме помош јужно од Рафах и чекаме дозвола за влез во Газа“, рече тој.
Рафах, единствениот граничен премин меѓу блокираната Газа и Египет, стана клучен за снабдувањето на Газа.
Агенцијата соопшти дека избувнувањето на болести претставува дополнителна закана и предизвикува загриженост за околу 350.000 луѓе во Газа со хронични болести како што е дијабетесот.