878
Одложувањето, односно барањето паузи на седницата за гласање недоверба од страна на опозицијата е со цел во меѓувреме да се лоцира пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието. Со неговата непојавување опозицијата нема кворум за одржување на седницата.
Според сознанијата на „Фокус“, ниту соработниците, ниту роднините и пријателите досега не успеале да го контактираат пратеникот Реџепи.
„Фокус“ се обиде да го контактира пратеникот преку Фејсбук страницата од каде го објави статусот, но досега нема одговор.
Инаку, Реџепи се образувал во САД, а освен во НВО секторот, има работено и во Холандската амбасада.