Еден од четворицата потпретседатели на СДСМ, Ванчо Узунов, си поднесе оставка од функцијата пред завчерашната седница на Извршниот одбор на партијата. Од партијата информираат дека Узунов оставката ја доставил во писмена форма, а во неа пишувало дека си заминува од функцијата поради лични причини.
Универзитетскиот професор Узунов ваквиот епилог го најави и во својата последна колумна во „Утрински весник“ во која тој изрази разочарување од последната анкета на ИРИ во однос на довербата на граѓаните кон партиите. Остро критикувајќи го начинот на владеење на актуелната владејачка гарнитура Узунов напиша дека во отсуство на други такви анализи, добро ќе размисли за тоа дали има каква било смисла неговиот натамошен ангажман во политиката.
„Тие навистина многу говорат и за целото наше општество. Поточно, за моралните норми во него. Бидејќи не верувам дека во Македонија има многу луѓе кои по целиот арсенал т.н бомби, не слушнале што се’ прави власта прашањето е: зошто толку голем број луѓе има доволно високо еластичен морал со подготвеност тоа да го толерира“, напише меѓудругото Узунов.
Тој во изманатите неколку недели беше чест гостин во телевизиските дебати во кои ги изнесуваше своите аргументи за лошите политики на власта.