Потпретседателката на Сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со преставниици на собраниските тела и пратеничките групи.
„Посетата го одразува јакнењето на француско-македонските парламентарни размени во перспектива на европскиот пат на земјата кој останува сосема актуелен. Оваа посета, што се реализира во рамките на Француската стратегија за Западен Балкан, ги реафирмира односите на доверба и пријателство помеѓу францускиот Сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина“, стои во соопштението на француската амбасада.
И францускиот претседател Емануел Макрон, кој го блокираше стартот на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија, најави дека ќе ја посети земјава, меѓутоа францускиот амбасадор Кристијан Тимоние појасни дека Макрон ја дал оваа најава во време кога не било јасно дека ќе се распишат предвремени парламентарни избори.