Потпишувањето на Договорот со Бугарија одложено поради средбата со Пенс

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во неговиот отчет пред собраниската Комисија за надворешна политика соопшти дека потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, кое беше договорено да се случи на празникот Илинден, ќе биде одложено.

Причината поради која ќе се одложи потпишувањето е тоа што на 2 август Македонија ќе биде кодомаќин со Црна Гора на американскиот потпретседател Мајк Пенс во Подгорица, каде што ќе има средба со земјите членки на Јадранската повелба.

Пратениците од опозицијата побараа да го видат текстот на Договорот со Бугарија пред да биде потпишан, но министерот Димитров реќе дека тој ќе влезе во Парламентот на ратификување откако ќе се потпише.

Опозицијата најави дека ќе учествува во процесот, но не како покритие за грешките. Министерот Димитров најави и измени на Законот за надворешни работи и професионална дипломатија без партиски кадри.

Поврзани новости