Потпишана апликација за членство на Косово во Европската Унија

by Fokus

На церемонија во Приштина денеска беше потпишана апликацијата за членство на Косово во Европската унија
Потписници на документот се косовскиот претседател Вљоша Османи, премиерот Аљбин Курти и претседателот на парламентот Гљаук Коњуфца

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека потпишувањето на апликацијата е историски момент за Косово и прв чекор кон евроатлантските интеграции.

„Денеска го правиме првиот чекор кон членство во ЕУ… Тоа е историски момент со кој сакаме да отвориме ново поглавје“, рече Курти.

Тој изјави дека потпишаната апликација ќе биде доставена до Чешка, која претседава со Европската унија.
Брзината со која ќе се движиме зависи од нас“, додаде Курти, јавија приштинските медиуми.

За претседателката на Косово Вјоса Османи денеска е историски ден и историски момент, а Косово за неа заслужува да биде дел од ЕУ.

„Во современата историја на Косово, 14 декември има двојно значење. Покрај барањето за членство, денеска е и годишнина од основањето на Армијата“, потсети Османи.

Таа вели дека Приштина денеска прави „чекор кон остварување на сонот“ и за нив нема друга алтернатива освен ЕУ.

Поврзани новости