Потпишан нов Колективен договор во одбраната, Шекеринска вети негово почитување

by fokus

Зголемување на периодот во кој припадниците на Армијата кои заминуваат на мировни и хуманитарни и операции на НАТО во странство ќе имаат шанса за подобра подготовка на секаков можен начин и шанса да се ресоцијализираат назад по враќањето од мисијата, решение на проблемот со сообраќајните несреќи на припадниците каде што Министерството ги товарело за направената штета и покривање на осигурување за повреда на работно место, се дел од новиот Колективен договор што денеска го потпишаа Министерството за одбрана и Независниот синдикат на одбраната.

Министерската за одбрана Радмила Шекеринска рече дека во новиот Колективен договор се решени прашања што се провлекуваа како практични проблеми, а кои веќе нема да бидат проблем, потенцирајќи дека таа и Владата се обврзуваат тоа што го потпишале и да почитуваат.

– Покажавме дека нашите обврски си ги исполнуваме и покажавме дека стандардот и квалитетот на живот и работа на припадниците на Министерството и Армијата ни се навистина приоритет. Како резултат на овие разговори и доверба успеавме да ги зголемиме платите за 16 проценти, успеавме во предлог законот што е во собраниска постапка да ставиме станбено обезбедување на сите освен оние кои добиле станови од поранешна ЈНА и генерално ставивме акцент на Армијата, на припадниците и на нашиот систем за одбрана. Така ќе продолжиме и со овој Колективен договор, истакна Шекеринска.

Со потпишувањето на овој Колективен договор, според претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, постигнат е договор кој ги унапредува правата на вработените во Министерството за одбрана и во Армијата.

– Очекуваме дадените предлози од страна на Несзависниот синдикат во врска со дополните на Законот за служба во армијата да бидат прифатени и инплементирани, истакна Исајов и појасни дека се работи за закупнина за сите вработени кои немаат добиено стан, пензионирање со просек од 10 најдобри години, регулирање на пенизионирањето согласно позитивните законски прописи, доделувањето на еднократна солидарна помош без разлика на местото на живеење и слично.

Поврзани новости