Потпишан договор за коалиција меѓу ЛДП и ДОМ

by fokus

Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа претседателите на ЛДП и на ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, кои го формираа движењето „Одлучно за промени“.

-Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена“, наведуваат од ЛДП.

Досега, тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров – Љупчо Јаневски, на Кисела Вода – Ѓулистана Марковска, на Гевгелија – Виктор Петков, на Прилеп – Славе Петрески, на Штип – Ванчо Санев, а утре ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа.

Поврзани новости