Потпишан договор со германската компанија БМЗ за инвестиција од 65 милиони евра 

by Fokus

Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места.

Вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски денес во Франкфурт со германската компанија  „БМЗ“ потпишаа договор за реализација на нова германска инвестиција во Македонија.

-Со реализацијата на инвестиција од 65 милиони евра, која ќе отвори 755 нови работни места,  ќе се креираат дополнителни можности за вработување на наши сограѓани, кои ќе создадат шанси за развој и унапредување на нивните знаења, вештини и компетиции активно да учествуваат во најсовремени технолошки производствени процеси и за тоа да бидат добро платени“, изјави Битиќи.

Битиќи рече дека со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика на „БМЗ“ ќе значи директна придобивка за извозните способности на Северна Македонија и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата.

-БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија добиваат се понагласена пазарна вредност и можности за успех. БМЗ е технолошки напредна компанија,  со високо ниво на одржливост  и пазарен потенцијал кои произлегуваат од нивните иновативни, висококвалитетни производи, која секоја држава би посакала да е дел од нејзиното стопанство, изјави Битиќи.

Поврзани новости