424
Во несреќа што се случила вчера во селото Студеничани било потешко повредено четиригодишно дете. Несреќата се случила кога во детето удрил велосипед кој го возел 15-годишно момче.
-На 29.03.2019 во 11.45 часот пријавено е дека во село Студеничани, скопско, 15-годишник од село Студеничани, управувајќи велосипед, удрил во четиригодишно дете од истото село. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош, информираат од МВР.