Построги ковид мерки и во Словенија

by fokus

Во Хрватска и Словенија денеска стапуваат во сила построги мерки поради зголемувањето на бројот на заразени од коронавирусот.

Според новиот протокол со кој словенечката влада реагираше на забрзаното ширење на варијантата омикрон, важноста на негативен ПЦР тест при влез во Словенија ќе биде 48 часа по земањето брис, а на брз антиген тест 24 часа по земањето брис.

Исто така, со новите мерки, кои стапуваат во сила од понеделник, ќе се променат условите за користење на јавниот превоз, кој ќе биде достапен само за лица кои биле вакцинирани, имале ковид-19 или биле негативни на тестот и мора да носат заштитна маска.

Поврзани новости