На академското рангирање на најдобрите универзитети во светот, познато како Шангајска листа, повторно нема ниту една високообразовна институција од земјава, што претставува трета година по ред. Покрај македонските, на Шангајската листа на 1000 најдобри високообразовни институции, ниту годинава не се рангираа универзитети од Бугарија и Албанија.
Шангајската листа се смета за една од најрелевантните и се објавува од 2003 година. Оваа година биле анализирани над 2 500 институции, а конечната листа ги претставува најдобрите 1 000 универзитети во светот врз основа на транспарентна методологија и објективни податоци.
Според македонистката и професорка од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елка Јачева-Улчар, постојат шест критериуми врз кои почива Шангајската листа: број на добитници на Нобелова награда и Филдсов медал меѓу поранешните студенти (10%), Нобелова награда и Филдсов медал во персоналот на универзитетот (20%), високо цитирани истражувачи во 21 категорија (20%), трудови објавени во списанија и (20%), Индекс на научни цитати и Индекс на цитати од општествени науки (20%) и придонес по глава на академци (од наведените индикатори) на институцијата (10%).
Во разговор за „Локално“ истакнува дека иако се први наведени, на „нобеловците“ и на „филдсовците“ отпаѓаат вкупно 30% од критериумите коишто тешко би можеле да ги освоиме во догледно време, но останатите 70% се полесно остварливи под определени услови за кои ќе стане збор подолу.
Цдлиот текст на „Локално.мк“