457
Постои врска меѓу Руската федерација и организацијата на протестите во земјава, тврду пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски околу протестите против францускиот предлог во емисијата „Само вистина“.
„Дали е продуцирано или е поткрепено од Русија, тоа е покажано и со иконографија на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, после тоа колегата Апасиев многу пати ни дава примери дека има и други алтернативи на ЕУ. Многу пати покажал дека е со анти-НАТО и анти-ЕУ перспективи. Ние имаме јасен став и визија дека од независноста го чекориме вистинскиот пат. Дел сме од НАТО и на пат сме да почнеме преговори со ЕУ, додаде Костовски