Постои ризик од дестабилизација на Западен Балкан, сметаат ЕУ дипломати

by fokus

Високи дипломатски извори велат дека на денешниот ЕУ самит ќе се разговара и за Западниот Балкан. Безбедносната проценка е дека не е исклучен ризик од дестабилизација поради руско-украинската војна, јави дописничката на МИА од Брисел.

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ попладнево пристигаат во Брисел за вонреден самит посветен целосно на војната во Украина. Главната цел е усвојување на втор посилен пакет на санкции против рускиот режим откако тој ноќва ја нападна Украина.

Високи дипломатски извори за МИА потврдија дека „Балканот се усогласува со Европската Унија” во делот на одговорите на руските воени дејствија и дека ЕУ е во постојан контакт со лидерите од регионот.

-Јасно е дека постои безбедносен ризик во регионот, оваа закана ја сфаќаме многу сериозно, рече дипломатот, кој додаде и дека за темата се разговарало на состанокот на Г7 групата денеска.

Европската Унија вечерва ќе се стреми кон единство во својот одговор и санкции кон Русија, објаснуваат дипломатите кои денеска интензивно ги брифираат новинарите пред почетокот на ЕУ самитот.

Поврзани новости