Постои обид Северна Македонија да се врати под руско влијание, вели Борисов

by Fokus

Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО, рече лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов во седиштето на партијата на средба со пратениците.

Според него, постои обид Северна Македонија да се врати под руско влијание и тоа се прави намерно и многу активно.

„Криминалното дело како што е претепувањето на Бугарин го прави народот целосно на страната на тој човек, а тоа може да не „сврти“ во друга насока, што е целосно во корист на Путин и неговите геостратешки планови за Балканот“, коментира Борисов.

Поврзани новости