Постои можност премиерот Спасовски и министрите Филипче, Османи и Адеми да одат во самоизолација

by Fokus

Веста за позитивните резултати за Ковид-19 на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски доаѓа еден ден по средбата на владините претставници со општинскиот кризен штаб, пренесува 360 степени.

На вчерашната средба во Куманово, општината информираше дека присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.

На прес-конференцијата за медиумите не можеше да се забележи присуството на министерот Филипче. Но, по таа средба, од Владата информираа дека владините преставници биле на средби и со директорот на Општата болница во Куманово, на Центарот за јавно здравје и на Здравствениот Дом, на кои бил и Филипче.

Поврзани новости