Постои ли желба во Македонија за работа: Има институции што постојано имаат отворен оглас за вработување, но никој не се јавува

by fokus

Во јавната администрација има и прилив и одлив на кадри. Има институции кои нон стоп имаат отворен оглас за вработување, а никој не се јавува, бидејќи нема соодветен кадар. За жал, одливот на кадри е во странство и тоа е она што не загрижува и на кое треба најмногу да работиме сите заедно, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање по обраќањето на Првата конференција за е-трговија во Македонија, министерот Манчевски рече дека годишниот извештај, што мора да се објави до март, најдобро ќе ја покаже ситуацијата со бројот на вработени во јавната администрација.

– Вработувања во јавниот сектор има и ќе има затоа што институциите имаат голема потреба од кадри бидејќи нема само прилив, туку има и голем одлив и тоа за жал на кадри кои најмногу недостасуваат во јанвиот сектор и кои навистина е тешко да се најдат, изјави Манчевски. 

Поврзани новости