Секој десетти кој прележал ковид -19, повеќе месеци, па дури и една година потоа има последици, а кај некои пацинти има и симптоми на постковиден синдром, тврди поранешниот шеф на ковид-болницата во Клиничкиот центар во Ниш, д -р Борис Ѓинѓиќ.
Симптомите на пост-ковид синдром се многу неспецифични и главно се базираат на губење на квалитетот на косата, ноктите и промени на кожата, но и оштетувања на срцето.
-Тие исто така се базираат на нарушувања на некои други органи, првенствено оштетување на кардиоваскуларниот систем, така што има пациенти кои имаат болка во градите, која трае со месеци по вирусот, вели српскиот лекар.
Според него постковидно на овие високи температири имаме имаме мала епидемија на прекордијални и коронарни болки кои се предизвикани од ненадејни промени во температурата и изложеност на климатизери во неконтролиран обем.