Постигнавме напредок за одредени прашања, рече Џинпинг по средбата со Блинкен

by Fokus

Кинескиот претседател Си Џинпинг денес по повод средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „многу е добро“ што двете страни постигнаа одреден напредок и постигнаа договори за одредени прашања“.

Сепак, како што пренесува Би-Би-Си, тој не објаснил за што се работи, па не е јасно на што конкретно мислел.

Ова беше објавено во двеминутното видео од средбата, кое го објавија кинеските државни медиуми.

Единствените договори објавени досега за време на посетата на Блинкен на Пекинг се плановите за патување на кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг во САД, како и повеќе летови и културни размени меѓу двете земји.

Кси, исто така, ги опиша вчерашните средби на Блинкен со водечките кинески претставници од Министерството за надворешни работи, Ванг Ји и Чин, како „искрени и длабоки“.

Поврзани новости